Русија планира сопствена вселенска мрежа

68

Русија се подготвува да изгради сопствен вселенски интернет систем, кој треба да работи во 2024 година.

Во текот на следните 5 години, од 2023 до 2028 година, 600 сателити ќе бидат лансирани во вселената и ставени во орбитата. Тие ќе го формираат рускиот орбитален систем наречен „Сфера“.

Се очекува првите сигнали на рускиот вселенски интернет да ја покријат територијата на Русија две години по почетокот на изградбата на системот.

„Ако се оди според планот, тогаш во 2024 година земјата ќе добие Интернет од вселената“, изјави за ТАСС Дмитриј Рогозин, шеф на државната корпорација Роскосмос.

Според него, веќе се добиени финансиски средства за формирање научно-техничка резерва, а дополнителни средства ќе бидат доделени во 2022 година.

„Овие средства ќе бидат искористени за создавање на два летачки прототипи на вселенските летала „Скиф“ и „Маратон“. Еден од нив ќе биде лансиран во 2022 година, а другиот – во 2023 година“, рече Рогозин.

Од информациите е јасно дека едниот брод ќе се користи за емитување интернет сигнал, а другиот целосно ќе биде посветен на комуникациите за „Интернет на нештата“.