Русија победник во кризата на енергетскиот пазар

65

Русија е победник на енергетскиот пазар, пишува колумнистот на Блумберг, Хавиер Блас.

Според него, Русија успешно се справува со санкциите на ЕУ, додека самата Унија оваа есен би можела да се соочи со голема енергетска криза.

Блас вели дека во јули, руското производство на нафта се вратило на нивото пред почетокот на рускиот напад врз Украина, во просек од 10,8 милиони барели дневно.

„Русија најде нови купувачи за милионите барели дневно што европските рафинери на нафта престанаа да ги купуваат поради самонаметнати санкции“, напиша колумнист кој пишува за енергијата и суровините за њујоршката агенција.

Поголемиот дел од таа сурова нафта оди во Азија, особено во Индија, како и во Турција и на други места на Блискиот Исток, тврди тој.

Блас изјави дека нафтата Брент е околу 100 долари за барел, а бидејќи Русија може да понуди  попусти, големи средства одат во Кремљ, а енергетските санкции против Москва не функционираат.

Според него, рускиот претседател Владимир Путин може да си дозволи да се откаже од приходите од продажбата на гас во Европа, која се подготвува за големи поскапувања на гасот и потенцијален недостиг, пишува Спутник на англиски јазик.