Русија почна да продава нафта на нови клиенти

156

Русија почна да продава нафта на голем број нови купувачи, а обемот на испораки на неколку дестинации, вклучувајќи го и азиско-пацифичкиот регион, расте.

„Нема сомнеж дека руските нафтени компании бараат нови дестинации и градат нови логистички синџири во новонастанатата ситуација. Се разбира, гледаме дека има нови клиенти, а обемот на испораки во различни правци се зголемува“, изјави потпретседателот на руската влада Александар Новак.

Русија, рече тој, исто така размислува за нови инфраструктурни проекти за диверзификација на испораките на нафта.