Русија подготвена да обезбеди 50 милиони вакцини Sputnik V за Европа

44

Руската вакцина против Ковид-19, Спутник V ја помина клучна фаза за употреба во ЕУ, бидејќи Европската агенција за лекови (ЕМА) во четвртокот започна со тестирање, а руските власти изразија подготвеност да обезбедат вакцини за 50 милиони Европејци.

Шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции кој придонесе за развој на оваа вакцина, Кирил Дмитриев, изјави дека веднаш штом Европската агенција за лекови ја одобри руската вакцина, Русија ќе обезбеди вакцини за 50 милиони Европејци од јуни 2021 година.

“Целта е Спутник V да даде значителен придонес за спасување милиони животи во Европа. Партнерствата со вакцини треба да бидат одделени од политиката, а соработката со ЕМА е одличен пример бидејќи здружувањето на силите е единствениот начин да се стави крај на пандемијата“, рече Дмитриев, посочувајќи дека Спутник V е веќе одобрен во околу четириесет земји во светот.

Европската агенција за лекови изјави дека времето потребно за одобрување на вакцината треба да биде пократко од вообичаеното, поради веќе завршената подготвителна работа. Првата фаза се состои од континуирано испитување на податоци и клинички испитувања. Ова треба да биде проследено со официјално барање за издавање на условно одобрение за ставање во промет за една година. Досега, времето помеѓу континуирано тестирање и одобрување беше помеѓу два и четири месеци.

Фото: Facebook