Русија повторно е најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија

Русија повторно стана најголемиот снабдувач на нафта за Кина и Индија, се вели во извештајот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објавен вчера.

Русија обезбеди речиси 17 отсто од вкупниот увоз на нафта во Кина, Саудиска Арабија 14 отсто, а Малезија околу 12 отсто, пренесува ТАСС.

Увозот на нафта во Кина е зголемен за четири отсто во октомври во однос на септември и изнесува 11,6 милиони барели дневно.