Русија престанува да кова ситни монети

42

Малите монети во Русија не се особено барани кај населението, па затоа вреди да се размислува за тоа колку е изводливо да се продолжи со нивното производство, изјави шефот на Комитетот на Државната дума за финансиски пазар, Анатолиј Аксаков.

Централната банка минатата пролет објави дека продолжила со печатење на банкноти од пет рубљи, одлука која се објаснува со фактот дека нивното печатење станало попрофитабилно од ковањето монети со иста деноминација.

„Пристапот на Централната банка е правилен и подобро е да се заштеди на производството на пари. Вреди да се размисли дали воопшто вреди да се произведе нешто што на луѓето не им треба“, изјави Аксанов за РИА Новости.

„Животот ќе покаже колку е целисходно да се произведува нешто што не е од интерес за луѓето. Во исто време, очигледно е дека нема да има девалвација, нема реформи, нема промени, бидејќи националната валута е стабилна“, заклучи Аксаков.

Според податоците на Централната банка, заклучно со 1 октомври во Русија има 72,8 милијарди монети во оптек, а нивниот број е зголемен за 1,2 отсто во однос на минатата година. Во Русија во просек има околу 500 монети по лице.