Русија размислува да дава визи за вакцинирање

64

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Пескoв, рекол дека во владини кругови се разгледува идејата за одобрување посебни визи за странски државјани кои сакаат да се вакцинираат против коронавирусот во Русија, но уште нема донесено конечна одлука.

Рускиот претседател, Владимир Путин рекол дека досега 4,3 милиони Руси добиле две дози од вакцините против коронавирусот и дека Москва е спремна да го зголеми производството за домашна употреба. Масовната вакцинација ја започнаа во декември лани.

И покрај тоа, руските здравствени власти предупредуваат дека земјата се соочува со силен удар од третиот бран на пандемијата. Русија од почетокот на пандемијата потврди повеќе од 4,5 милиони заразени лица, а починати се околу 98.442.

Путин рекол дека очекува Русија да постигне колективен имунитет и да ги укине рестрикциите до крајот на летото. Некои региони веќе почнале да ги попуштаат мерките.

Фото: Pexels