Русија сака домашен софтвер во електронските уреди

25

Мобилни телефони, компјутери и други паметни уреди во Русија мора да имаат руски софтвер, според законот што стапи на сила, а треба да им помогне на руските ИТ компании за да можат успешно да се носат со странската конкуренција.

Руското министерство за дигитализација соопшти дека законот се однесува на паметни телефони, таблети, паметни телевизори, компјутери… произведени по први април.

Законот најмногу би им користел на руските технолошки гигант Yandex и Mail.ru, пренесува Ројтерс.

“Рускиот ИТ сектор има прилика да стане ‘локомотива во процесот на модернизација на земјата’“, рекол потпретседателот на владата, Дмитриј Чернишенко на состанок со претставници на компанијата.

Владата расправа за уште еден пакет со повеќе од 60 мерки за поддршка.

На рускиот пазар на мобилни телефони доминираат странски компании, како што се Apple, Samsung и Huawei.

Фото: Pexels

  • ОЗНАКИ
  • IT