Русија санкционираше 74 компании за производство на оружје

125

Рускиот премиер Михаил Мишустин во вторникот потпиша указ за примена на „посебни економски мерки“ за 74 компании кои се занимаваат со производство на оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Според документот објавен на веб-страницата на Владата, на листата се 74 компании од Бугарија, Велика Британија, Германија, Канада, Литванија, Словачка, Полска, Чешка, Црна Гора, Естонија и Соединетите Американски Држави (САД).

Забранети се трансакции од областа на воено-техничката соработка со фирми од оваа листа“, се наведува во соопштението.

Ова е втор список на компании санкционирани од Русија.

Првиот беше објавен во мај, кога беа санкционирани 30 компании.