Русија се повлекува од членството на Светската туристичка организација

25

Рускиот амбасадор во Мадрид, Јуриј Корчагин, денеска објави дека Русија се повлекува од членството на Светската туристичка организација (UNWTO), бидејќи голем број земји ја монополизираа работата на таа организација во обид да ја „протуркаат“ одлуката за суспендирање на членството на земјата.

„Мораме да констатираме дека голем број земји-членки практично го монополизираа UNWTO, кој ја користи оваа организација за нивните заеднички интереси“, рече рускиот претставник на вонредната седница на Генералното собрание на UNWTO, пренесува TАСС.

Причината за ваквата одлука лежи во „употребата на масовна антируска пропаганда“, која Русија ја смета за нелегитимен и политички мотивиран потег.