Русија сега од нафтата заработува повеќе отколку пред санкциите

78

Нето приходите на Русија од продажбата на нафта во октомври изнесуваат 11,3 милијарди долари или 31 отсто од вкупните месечни приходи во буџетот на земјата. Ова е највисоко од мај 2022 година и го надминува приходот за кој било месец пред почетокот на војната во Украина.

Според Блумберг, повикувајќи се на пресметките на руското Министерство за финансии, во првите девет месеци од 2023 година, руските и другите сопственици на флотата во сенка транспортирале повеќе од 70 руска нафта, што „и овозможи на Москва да ја задржи контролата врз извозот и постепено да ги зголемува цените“, пренесува Комерсант.

Оваа година Русија извезуваше околу 3,5 милиони барели нафта дневно, а за проширување на понудата беа потрошени околу 11 милијарди долари. Дел од оваа сума е претставена со „легитимни трошоци за испорака“, а речиси сите испораки „одат преку анонимни трговци или непознати компании за испорака“.

Грчките власти најавија дека не можат да спречат тајни пратки со руска нафта што пловат по брегот на земјата. Овие транспорти се вршат во меѓународни води на 10 километри од брегот во Лаконскиот залив. Бродовите во грчка сопственост, наводно, ракувале со најмногу руска нафта во 2023 година, по руските танкери.

Од 5 декември минатата година на сила е горната граница на цената на нафтата од Русија од 60 долари за барел, која ја воведоа Г7 и западните земји, а во февруари годинава Европската унија воведе ембарго на руските нафтени деривати.