Русија станува клучен партнер на Boeing – купува 35 нови авиони

28

Рускиот индустриски конгломерат и произведувач на авио-опрема во државна сопственост, Russian Technologies, ќе купи 35 авиони Boeing 737 MAX за 3,5 милијарди долари.

“Русија станува витален партнер во се што работиме. Тоа не е клучно само за нашето производство, туку и за инженерството, вселенската програма и се разбира, услугите”, изјави претседателот и извршниот директор на Boeing, Рејмонд Конер, на пресконференција во Москва.

Компанијата со седиште во Чикаго најави испорака на првиот авион за август 2018 година.

Boeing неодамна прогнозираше дека на Русија и на соседните земји во следните 20 години ќе им требаат 1.140 нови авиони, во вредност од 130 милијарди долари.

Boeing од Русија се снабдува со 40% титаниум за своите потреби во производството.

Ова ќе биде прва продажба на новата верзија на 737 авионите во источна Европа.