Русија утре ќе ја прекине испораката на гас за Финска

20

Русија ќе го запре протокот на гас во соседна Финска утре наутро, се вели во соопштението на финската државна компанија за големопродажба на гас Gasum.

Попладнето во петокот на 20 мај, Гаспром Експорт го информираше Гасум дека испораките на природен гас за Финска според договорот за снабдување со Гасум ќе бидат прекинати во сабота на 21 мај во 04:00 часот (GMT), се вели во соопштението.

Компанијата ќе продолжи да снабдува гас за клиентите во Финска од други извори преку гасоводот Balticconnector.

Извршниот директор на Gasum, Мика Вилјанен, се обиде да ги увери клиентите дека ќе има доволно гас во наредните месеци.

„Внимателно се подготвувавме за ваквата состојба и под услов да нема прекини во преносната мрежа на гас, ќе можеме да ги снабдуваме сите наши корисници со гас во наредните месеци“, рече тој.