Русија во топ 3 – за прв пат

63

Русија за првпат влезе во првите три најголеми трговски партнери на Индија.

Трговскиот промет на двете земји во петте месеци од оваа година достигна 27,1 милијарди долари, покажуваат податоците на индиското Министерство за трговија и индустрија.

Според податоците на Министерството, во периодот јануари-мај обемот на билатералната трговска размена се зголемил за 3,8 пати, на рекордни 27,1 милијарди долари, како резултат на зголемувањето на индиските купувања на руска стока за 3,9 пати – до 26,5 милијарди долари. што и овозможи на Русија да остане втор најголем увозник на стоки во земјата.

Покрај тоа, извозот на индиски производи во Русија исто така нагло се зголеми – 2,6 пати, на 639 милиони долари, пренесе Спутник.

Најголем трговски партнер на Индија и натаму е Кина со вкупен промет од 41,1 милијарди долари, иако годишната бројка е намалена за 9,3 отсто.

Втори се Соединетите Американски Држави, чиј обем на трговска размена со Индија за годинава е намален за 12,5 отсто, на 30,4 милијарди долари.

Трговскиот промет меѓу Обединетите Арапски Емирати и Индија од јануари до мај е намален за 11 отсто, на 24,2 милијарди долари, поради што оваа земја падна на четвртата позиција.

Саудиска Арабија е на петтото место со промет од 18,3 милијарди долари, што е пад од 9,1 отсто на годишно ниво.