Русија забрани извоз на 200 производи до крајот на 2022 година

187

Руската влада денеска објави дека го забранила извозот на телекомуникациски, медицински, автомобилски, земјоделски, електрични, технолошки и голем број други стоки до крајот на 2022 година, како возвратна мерка против западните санкции против Москва, пренесува Ројтерс.

Списокот на забрани за извоз вклучува над 200 артикли, вклучувајќи железнички вагони, контејнери, турбини и друга стока.

Британската агенција наведува дека пред нападот на Москва врз Украина, производителот на автомобили Стелантис, кој ги произведува и продава марките Peugeot, Citroen, Opel, Jeep и Fiat во Русија, имал намера да започне со извоз на руски лесни комерцијални возила во Западна Европа.