Русија забрани рекламирање на алкохол

41

rusija alkoholВо Русија од вчера стапи на сила забрана за рекламирање на алкохолни пијалоци. Станува збор за потполна забрана за рекламирање, освен во продавниците кои се занимаваат со малопродажба на алкохолни пијалоци, пренесуваат руските медиуми.

Забраната за рекламирање на алкохолни пијалоци на интернет и во медиумите е воведена во јули 2012 година, но за рекламирање во печатени медиуми беше одобрен преоден период од шест месеци, до крајот на минатата година. Во овој период требаше да се овозможи исполнување на веќе склучените договори меѓу произведувачите и продавачите на алкохолни пијалоци.

Од почетокот на оваа година, пивото во Русија не е веќе прехранбен продукт, туку и официјално се класифицира како алкохол. Премиерот Дмитриј Медведев потпиша амандмант со кој пивото стана алкохол и сега има забрана да се продава на уличните киосци, а дуќаните не смеат да го продаваат во периодот од 23 часот до 8 часот наутро.

Русите се меѓу најголемите конзументи на алкохол во светот, според Светската здравствена организација. Во 2011 година, 25% од смртните случаи кај мажите во Русија биле предизвикани како последица од премногу алкохол.