Русија засега нема да ја прекине испораката на гас за Европа

47

Русија од денеска нема да ја откаже испораката на гас за Европа, бидејќи плаќањата за испорачаниот гас по 1 април ќе пристигнуваат во втората половина на месецот и во мај, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руската енергетска компанија Газпром соопшти дека почнала да ги информира клиентите за новите руски правила, според кои тие ќе треба да плаќаат за гас во рубљи.

Газпром додава дека ќе остане одговорен партнер и ќе обезбедува снабдување со гас.