Русинката која ја измами Њујоршката елита повторно заработува од затвор – има нов проект

343

Измамничката Ана Сорокин, попозната како Ана Делви, ќе дебитира во светот на уметноста овој април. Како што е познато, таа издржува затворска казна во Њујорк за измама од повеќе од 200.000 долари, а своите нови цртежи има намера да ги покаже на почетокот на следниот месец, но сè уште не се знае каде.

Ана, која своевремено се претставуваше како богата наследничка која се обидува да собере средства и да отвори ексклузивна уметничка галерија, ги сликаше своите дела во притворското одделение ICE, каде што ја чека депортација во Германија.

„Нејзиниот стил би го сметал за еден вид вкрстување на модни скечеви и сатирични стрипови. Таа има интригантен стил, но тука поважни се нематеријалните квалитети кои ги носи на маса – а тоа е дека луѓето едноставно се фасцинирани од неа“, изјави Крис Мартин, претставник на Делви и коосновач на „Фаундерс арт клаб“, кој го опишува како советодавно тело и група влијателни колекционери.

Мартин изјави за ARTnews дека се надева дека Делви ќе има подготвени 20 цртежи за  самостојна изложба во април. Секој од нив ќе се продава за околу 10.000 долари, рече тој.