Русите имаат основано повеќе од 300 компании во Србија од почетокот на војната во Украина

77

Од почетокот на руската агресија врз Украина, во Србија се регистрирани 323 компании чии основачи се од Руската Федерација, пишува истражувачкиот портал VOICE.

Овој број на регистрирани компании сочинува околу 25 отсто од вкупниот број на сите активни правни субјекти чии основачи се од оваа земја, се наведува во написот.

Се додава дека само во март дневно се основале во просек по девет компании, додека на 1 април биле основани 27, а најмногу на 25 март, вкупно 51.

„Повеќе од половина од овие новоформирани правни субјекти, односно 169 од нив се регистрирани за компјутерско програмирање. Во Белград има 246 правни лица, а во Нови Сад 48“, пишува VOICE.