Русите масовно купуваат имоти во Турција, сега се први меѓу странците

113

Русите масовно купуваат имоти во Турција. Тие се најбројни меѓу странците кои бараат недвижнини во Турција.

Лани странските државјани купиле повеќе од 67.000 недвижности. Русите купиле 16.312 станови, граѓаните на Иран – повеќе од 8.200 објекти, Ирачаните – повеќе од 6.000. Најпопуларни за странците се Истанбул, Анталија и Мерсин. Само во декември Русите купиле повеќе од 2.400 станови. Турција е една од трите земји каде што богатите Руси најчесто купуваат недвижен имот. Руските граѓани инвестираат и во станови во ОАЕ и Кипар.

Руските граѓани инвестираат и во станови во ОАЕ и Кипар.

Така, во 2022 година, во Дубаи беа регистрирани 86.000 трансакции за продажба на станови на Руси. Претходниот рекорд беше забележан во 2009 година – 80.000 трансакции. Русите потрошиле 208 милијарди дирхами (56,6 милијарди долари) на недвижен имот во Дубаи во 2022 година. Ова е речиси 80% повеќе отколку во 2021 година.

Интересот од странците доведе до невиден пораст на цените во Турција: тие се зголемија за 160 отсто во споредба со 2021 година. Заедно со цените на недвижностите, киријата вртоглаво порасна: во Истанбул минималната цена за привремен стан или студио е 1.500-2.000 долари месечно. Пред неколку години можеше да се изнајми куќа за 1.000 долари.

Во Анталија, просечната цена за изнајмување во 2022 година се зголеми најмалку четири пати, од 200-600 долари месечно на 2.000 долари. Поради растот на цените, локалните жители побараа забрана за продажба и издавање станови на странци. Во петицијата, започната во ноември, се вели дека станоиздавачите постојано ги зголемуваат кириите или ги иселуваат станарите, претпочитајќи да издаваат повеќе на странци.