Русите не се откажуваат: Подготвуваат два нови модели на Ладa

124

Управниот одбор на АвтоВАЗ донесе одлука да воведе нови модели на автомобили Лада во производство.

Покрај тоа, производителот има намера да ги врати вообичаените опции, како што се воздушно перниче и клима уред, на основните верзии на Lada, пишува Russia Beyond (hr.rbth.com).

Одборот на директори едногласно го одобри лансирањето на два нови проекти од моделот Лада кои треба да се појават на фабричките ленти за склопување во периодот 2024-2025 година“, изјави Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија, кој е и претседател на Управниот одбор на АвтоВАЗ.

Министерството за индустрија и трговија соопшти дека и да не се укинат санкциите, нема да има проблем со деловите и дека АвтоВАЗ планира да пушти на пазарот вкупно 140.000 автомобили во втората половина на 2022 година.

Следната година нивниот број ќе се зголеми на 500.000.

Според Денис Мантуров, компанијата почнала да ги враќа вообичаените опции на основните верзии на моделот. Така, Lada Granta повторно добива воздушни перничиња, „клима“ и мултимедијален систем.

„АвтоВАЗ“ е свесен за одговорноста што ја има кога станува збор за потребата да и се обезбеди на Русија модерни автомобили по прифатлива цена и затоа компанијата вложува максимални напори за зголемување на производството и понатамошен развој на брендот, додаде тој.