Русите нема да истражуваат нафта во Улцин

37

Руската компанија „Новатек“ планира да се повлече од проектите во Црна Гора, најави нејзиниот директор Леонид Михељсон.

Во март минатата година, конзорциумот на компаниите „Ени“ (Италија) и „Новатек“ започна со истражно дупчење нафта во Улцин, за една година подоцна да објави дека нема нафта.

Поради непочитување на договорот со овој конзорциум, се очекува Црна Гора да добие отштета од над 10 милиони евра.