Русите прават нова платежна единица за „пријателските земји“?

46

Руски експерти предложија создавање на нова единица за плаќање во Русија за населението од „пријателските земји“.

Како што се наведува, прашањето за создавање на нова платежна единица ги поттикна наметнатите санкции на Западот, како и барањето на Русија да добие плаќање за извоз на гас во Европа во рубљи.

Економистите од Центарот за макроекономска анализа и краткорочно прогнозирање (CMASF) и Институтот за економско предвидување на Руската академија на науки наведуваат дека Евроазиската економска унија (EAEU), Кина, Индија, Иран, Турција и други земји би можеле да бидат заинтересирани во формирањето на систем за наплата без долари.

Да потсетиме, Владимир Путин неодамна нареди плаќањето за природен гас што го испорачува Русија да се префрли во рубљи и објасни дека се работи за одбивање да се користат „валутите на сите земји кои се компромитираат себеси“.