Русите преговараат со Кинезите за обнова на производството на легендарниот Москвич

89

Рускиот производител на камиони Камаз преговара со кинеската автомобилска компанија JAC за можното продолжување на производството на руската марка на автомобили „Москвич“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори.

Соговорниците на британската агенција соопштија дека моделот на автомобилот од советската ера ќе се произведува во поранешната фабрика на Рено во Москва, а Камаз е во преговори со компанијата JAC за користење на нејзината платформа за дизајн, инженерство и производство.

Рускиот деловен весник „Ведомости“ наведува дека производството ќе започне најдоцна во четвртиот квартал годинава.