Русите раскинуваат важен договор стар 68 години со Британија

18

Русија е подготвена да го раскине договорот со Велика Британија, според кој рибарските чамци од оваа земја можат да ловат риба во водите на Баренцовото море, се вели во предлог-законот што до Владата го доставија МНР и Министерството за земјоделство.

Извор од кабинетот изјавил дека владата го поддржала проектот, пренесува Известија.

Откажувањето на договорот нема да предизвика сериозни надворешно-политички и економски последици за Руската Федерација“, се наведува во владините документи. Исто така, се вели дека руските власти се подготвени на таков чекор откако Велика Британија ја исклучи Русија од статусот на најомилена нација во март 2023 година.

Конкретно, Велика Британија воведе дополнителна царина од 35 отсто за увоз на одредени руски стоки во земјата, со цел „да и нанесе максимална штета на руската економија при минимизирање на негативните последици за Велика Британија“, се вели во соопштението на Британците.

Владите на СССР и Велика Британија склучија договор во мај 1956 година, според кој британските рибари имаат право да ловат риба во водите на Баренцовото Море. Во овие води, бродовите можеа слободно да пловат и да се закотват.