Руската државна железница е заинтересирана за купување на најголемиот бугарски превозник во товарниот железнички сообраќај, Бугарски државни железници – Товарни превози, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на руските.
Конечното решение ќе биде донесено по анализата на меѓународната перспектива на бугарската компанија.
Бугарските власти планираа да ја приватизираат БДЖ Товарни превози уште во 2009 година, но се откажаа поради кризата. Во јуни 2012 година Агенцијата за приватизација во Бугарија објави продажба на 100% акции на овој превезувач по цена од 135 милиони долари, но немаше понуди. Во ноември цената е намалена на 67 милиони долари. Крајниот рок за поднесување на понудите е 18 февруари 2013 година.