Русите во 2022 година купиле рекорден број златни прачки

46

Русите минатата година купиле рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во  соопштението на руското Министерство за финансии.

Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните да штедат во американски долари.

Лицата кои остваруваат добивка од продажба на златни прачки се ослободени од данок на доход, што дополнително ја зголеми побарувачката за овој метал.

Според најновите податоци, Русите минатата година купиле повеќе од 50 тони златни прачки, што е десетпати повеќе од претходно.