Русите заплениле земјоделска механизација вредна 5 милиони долари – но, не можат да ја стартуваат

83

По освојувањето на Мелитопол, руските сили украле вредна земјоделска механизација и ја однеле главно во областа на Чеченија. Но, машините се исклучени „на далечина“ и не може да се вклучат, објави Си-ен-ен.

Станува збор за 27 земјоделски машини меѓу кои и комбајни. Нивната вредност се проценува на околу 5 милиони долари.

Сепак, новите сопственици не можат да ги користат, бидејќи  се исклучени „на далечина“ и заштитени со веројатно непробојни компјутерски кодови, а уредите за следење GPS покажуваат дека опремата сега се чува на земјоделски имот во близина на главниот град на Чеченија, Грозни.

„Кога напаѓачите ги однесоа украдените комбајни во Чеченија, сфатија дека не можат ниту да ги вклучат бидејќи механизацијата беше заклучени на далечина“, изјави извор за Си-ен-ен.