Руска банка ја тужи Белгија:„Немаме никаква врска со властите во земјата и трпиме санкции“

78

Банката Санкт Петербург одлучи да ја тужи Белгија за околу 110 милиони долари што земјата ги блокираше на сметките на Euroclear, наведувајќи дека „тие немаат никаква врска со властите во Русија“ и затоа „не треба да трпат европски санкции“, објави  Белгискиот економски весник Еко.

Претставник на Санкт Петербуршката банка за овој весник вели дека руските претприемачи имаат акции на сметките на НСД во Еуроклиар и дека сè е замрзнато, дури и ако претприемачите немаат никаква врска со санкционираниот режим.

Оваа руска банка веќе побара одмрзнување на акциите на сметките на НСД, но во еден од пакетите санкции на Европската унија од октомври, Советот на ЕУ донесе одлука со која се оневозможува ослободување на средствата кои се чуваат или депонирани кај НСД.

Еко понатаму наведува дека од октомври нема одговор од белгиските финансиски институции, поради што Банката Санкт Петербург одлучила да ја тужи белгиската држава.

Потсетуваме дека деветте пакети санкции усвоени од ЕУ против Русија вклучуваат замрзнување на финансиите на руските функционери и луѓе блиски до рускиот претседател Владимир Путин.

Целта на санкциите е да се спречи Русија да ја финансира војната во Украина.

На почетокот на јуни, Националниот депозитар за порамнување (НСД), руската верзија на белгискиот посредник Euroclear, беше додаден на списокот на физички и правни лица погодени од овие санкции. Сепак, Банката Санкт Петербург има НСД сметка отворена со Euroclear.

Тоа е компанија за финансиски услуги, специјализирана за порамнување на трансакции со хартии од вредност, како и за чување и сервисирање на средствата на овие хартии од вредност.