
Рускиот производител на луксузни возила Аурус ќе започне со производство на нови автомобили од бизнис-класа кои ќе се продаваат веќе во 2025 година по поприфатливи цени, изјави во четвртокот вицепремиерот на Русија и шеф на Министерството за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров.
„Планираме во блиска иднина да лансираме линија автомобили од S-класа… Има и S-класа и E-класа. Ќе бидат во друга ценовна категорија, попристапни, нивното производство ќе биде помасовно производство “, рече Мантуров, пренесува Комерсант.
Тој верува дека новите автомобили Aurus ќе бидат „интересни и престижни“ за клиентите.
Првиот модел на автомобил во луксузната линија Аурус беше седанот Сенат. Производството на ова возило започна во мај 2021 година и сега се продава за 36,5 милиони рубљи или околу 365.000 евра.
Во ноември 2022 година започна производството на вториот Aurus SUV модел Komendant, кој е достапен за клиентите за околу 337.000 евра.
Во август 2023 година, претседателот на Русија, Владимир Путин и нареди на Владата на Русија државните службеници да возат во автомобили од домашно производство, а претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, рече дека во иднина руските пратеници ќе користат возила од компаниите Москвич, Лада и Аурус.
Фото: Facebook











