Руска нафтена компанија сакала да продаде нафта на аукција – никој не се јавил

127

Руската нафтена компанија Роснефт не успеала да продаде нафта на голема аукција која требало да биде тест за подготвеноста на купувачите во Азија однапред да го плаќаат црното злато во рубљи.

Москва признала дека има проблеми со извозот на нафта поради санкциите што ѝ беа наметнати од почетокот, на како што ги нарекуваат „специјалните операции“ во Украина. Потоа тие најавија зајакната соработка со Азија.

САД воведоа ембарго на руската нафта, но Европската унија е многу повеќе зависна од руската енергија и сè уште расправа за мерката. Економистите предупредуваат дека целосното ембарго на рускиот гас ќе ја турне европската економија во рецесија. Рускиот претседател Владимир Путин на крајот на март нареди дека „непријателските“ земји, кои воведоа санкции кон Москва, мора да го платат гасот во рубљи, преку банка посредник во Русија.

Минатата недела рускиот нафтен гигант Роснефт одлучи да ја тестира подготвеноста на азиските купувачи однапред да ја платат нафтата во рубљи.

„Роснефт“ понудиле 6,5 милиони тони нафта на аукцијата, што требало да бидат испорачани од руските пристаништа во мај и јуни, но не пристигнале никакви понуди, изјавиле трговците. Роснефт не одговориле веднаш на барањето да ги коментира информациите.

Условите на аукцијата биле многу тешки, велат трговците, додавајќи дека на Роснефт ќе му биде тешко да продава нафта и не се променети бидејќи повеќето европски нафтени компании и трговски куќи постепено го прекинуваат снабдувањето со нафта од руската компанија. Индиските рафинерии не доставиле понуда, а дел од бурињата наменети за далечниот исток биле понудени со прекраток рок на испорака.

Индија го удвоила купувањето на руска нафта од почетокот на руската инвазија на Украина, и покрај апелите на Вашингтон за намалување на испораките. „Конкретните услови и кратките рокови бараат индивидуални преговори“, вели извор од азиска трговска куќа, додавајќи дека дел од понудените буриња може да се продаваат во зделки далеку од очите на јавноста.

Друг информиран извор изјавил дека главната цел на аукцијата е „да се објави на пазарот дека ќе мора да се плаќа во рубљи“ и тоа, според него, било постигнато.