Руската економија порасна за 5,5 отсто

13

Според прелиминарните проценки, руската економија пораснала за 5,5 отсто на годишно ниво во третиот квартал, објави Федералната државна служба за статистика – Росстат.

Проценката на Росстат е повисока од пресметката на руското Министерство за економија, кое го процени растот на руската економија во третиот квартал на 5,2 отсто, како и прогнозата на Банката на Русија (БР) од 5,1 отсто, пренесува Комерсант.

Во коментарот на Росстат се наведува дека при пресметувањето на БДП за третиот квартал, користени се показатели за индустриската статистика, кои покажуваат годишен пораст на прометот на големо – за 22,9 проценти, прометот на мало – за 11,3 проценти, како и производството во преработувачката индустрија – 10,2 проценти. , градежништво – осум проценти, земјоделство – четири проценти.

Подетални податоци за проценките за растот на БДП во третиот квартал ќе бидат објавени на 13 декември.