Руската инвазија удри и на пазарот на криптовалути – Биткоинот паднал под 35.000 долари

162

Руската инвазија на Украина утрово буквално го потопи пазарот на криптовалути. Биткоинот падна за 8,35 отсто, а од час во час минусот стануваше сè поголем.

Рано утрово биткоинот забележа пад од 6,61 отсто, а потоа отиде во минус за дополнителни 2 процентни поени.

Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано утрово, што е за 8% помалку од претходниот ден, пренесува CNN. Сега (околу 10 часот) се тргува по цена од 35.560 долари.

Највредната криптовалута во светот падна под 40.000 долари во текот на викендот и продолжи да се намалува како што се интензивираше украинската криза. Биткоинот изгуби речиси половина од својата вредност од највисокото ниво во ноември минатата година (68.990 долари) поради геополитичките тензии, можноста за зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД и ограничувањата на дигиталните средства во некои големи светски економии.

Останатите криптовалути, исто така, остро паднаа во четвртокот рано наутро. Етереум падна за повеќе од 12%, додека доџкоин ослабе за повеќе од 14%. Последната цена на ethereum и dogecoin беше 2.383 долари и 11 центи.