Руската рубља е најдобрата валута во светот оваа година

103

Во 2022 година руската рубља стана најдобра валута во светот по стапка на зајакнување во однос на доларот, пренесува Блумберг.

Руската валута успеала да зајакне поради мерките на руските власти да се спротивстават на санкциите. Поточно, покрај воведувањето на контрола на капиталот, Владата ги обврза извозниците да продаваат девизи и да плаќаат за испорака на гас во рубqи, пренесува Блумберг.

По почетокот на специјалната воена операција врз Украина, западните земји ги интензивираа санкциите против Москва. Рестриктивните мерки главно го погодија банкарскиот сектор и понудата на високотехнолошки производи. Многу земји најавија замрзнување на руски имот.

Овие мерки од Кремљ ги нарекоа економска војна, која досега не се случила, но посочија дека се подготвени за таков развој на настаните. Така, од 1 април Русија прифаќа плаќање на гас само во рубљи. Увозникот мора да отвори посебна сметка во Гаспромбанк, на која ќе префрли средства во валутата наведена во договорот.