Руската централна банка и ја одзеде лиценцата на American Express Bank

77

Руската централна банка во вторникот ја укина банкарската лиценца на руската филијала на American Express Bank. Одлуката е донесена на барање на самата банка Американ Експрес.

Откажувањето на лиценцата се заснова на петиција поднесена од American Express Bank до Банката на Русија, по одлуката на единствениот акционер доброволно да ја ликвидира институцијата, соопшти централната банка.

Американ Експрес банка е регистрирана од Централната банка на Руската Федерација во декември 2005 година, пишува Екапија.

Во декември 2022 година, таа престана со работа во Русија со одлука на нејзиниот основач American Express Company, американска банкарска холдинг компанија и мултинационална корпорација за финансиски услуги.