Руската вакцина против рак е подготвена за употреба- Jа намалува смртноста и ги уништува туморите

Чудото на медицината од Русија“ Вакцина што го запира ракот, подготвена за употреба! Ја намалува смртноста и ги уништува туморите

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките тестови и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова, раководителка на Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА) на Русија.

„На крајот на летото 2025 година, поднесовме документи до Министерството за здравство за да добиеме дозвола за клиничка употреба на оваа вакцина. Истражувањето траеше неколку години, а последните три години беа посветени на претклинички студии. Вакцината е подготвена за употреба, чекаме дозвола“, рече Скворцова, според руските медиуми.

Како што истакна таа, студиите ја потврдија безбедноста на вакцината, вклучувајќи ја можноста за повеќекратна употреба, како и високата ефикасност во намалувањето на големината и забавувањето на растот на туморите. Покрај тоа, резултатите покажаа продолжено преживување на пациентите.

„Планираме да почнеме да го користиме кај колоректален карцином. Во исто време, во последната фаза имаме вакцина за уште два вида тумори – глиобластом, еден од најмалигните тумори на мозокот, како и посебен вид меланом, не само на кожата, туку и на очните мембрани. Тоа е многу сериозна и брзо напредувачка болест, па затоа овие локализации ќе бидат следни“, нагласи Скворцова.

Скворцова нагласи дека ефикасноста на вакцината зависи од видот на болеста, но се движи од 60 до 80 проценти. Покрај тоа, резултатите од истражувањата укажуваат на намалување на смртноста предизвикана од тумори кај пациенти кои го примиле овој препарат.

Таа потсети дека во ноември 2024 година, на состанок со претседателот на Русија, објавила дека ФМБА планира да започне со употреба на вакцина против рак за персонализиран третман на пациенти од 2025 година.