Руската VTB Capital преговара за мнозински удел во модна куќа Roberto Cavalli?

2

9

VTB Capital, инвестицискиот оддел на руската банкарска група VTB, води преговори за купување на акции во италијанската модна куќа Roberto Cavalli, објави Women’s Wear Daily (WWD) повикувајќи се на анонимни извори, пренесува московскиот весник Ведомости. Според Ведемости, најверојатно станува збор за пакет акции од околу 60% удел и според весникот, трансакцијата може да достигне 500 милиони евра.

Во мај годинава Financial Times објави дека Кавали преговара со инвеститори од Investcorp. Претходно преговори се воделе и со Permira и Clessidra, но и во двата случаи страните не се договориле за идното управување на модната куќа. Во случајот со Clessidra, преговорите биле за продажба на малцински удел од околу 30%.

Роберто Кавали најави дека неговата компанија нема финансиски проблеми и не е под притисок да најде инвеститор.