Руски Аерофлот купи 10 авиони Боинг

143

Руската авиокомпанија Аерофлот купи десет авиони Боинг 777-300ER од ирска компанија за лизинг, пренесува ТАСС.

„Аерофлот ја oткупи сопственоста на 10 авиони Боинг 777-300ЕР, кои беа под финансиски лизинг од ирска компанија за лизинг од 2013 и 2014 година“, се вели во соопштението на таа авиокомпанија, пренесува Танјуг.

Компанијата објави дека трансакцијата е извршена како дел од извршувањето на наредбата на руската влада „за преземање мерки за решавање на правните односи со странски закуподавачи, со цел да се обезбеди пренос на правата на сопственост под јурисдикција на Руската Федерација“.

Во соопштението се наведува и дека Аерофлот „ќе продолжи да купува авиони за да ја одржува постојната флота на авиони од странско производство во сопствениот капацитет и да ја прошири можноста за нивно работење“.