Руски алтернативи: Наместо Fantа – Fancy, Coca Colа како CoolCola, a наместо Sprite – Street

175

Откако повеќето западни компании објавија дека го напуштаат рускиот пазар, Русите се свртеа кон домашните алтернативи. Така, рускиот производител на пијалоци Очаков ги претстави своите алтернативи на популарните пијалоци Кока Кола, Спрајт и Фанта.

Познатата руска компанија „Очакова“, која е популарна по производство на познатиот пијалок „Квас“, го понуди пијалокот „Стрит“ како очигледна алтернатива на Спрајт, „КулКола“ за Кока Кола и „Фенси“ за Фанта.

Ова е дел од намерите на Кремљ да започне со производство на домашна роба бидејќи западните санкции практично ја спречија трговијата со популарни брендови од Европа и Америка.

Нема сомнеж дека Русите ќе се надеваат дека квалитетот на овие пијалоци е подобар од замените што се нудеа за време на Советскиот Сојуз, кога режимот го забрани увозот на повеќето западни производи.

Фото: Screenshoot / Ochakovo