Руски Автоваз планира да извезува „Лада“ во Иран

Компанијата Автоваз разговара за потенцијалниот извоз на своите автомобили Лада и опрема за склопување возила во Иран, изјави шефот на компанијата Максим Соколов.

„Делегацијата сè уште не е вратена (од Иран), така што наскоро ќе добиеме повеќе информации“, рече Соколов на маргините на инвестицискиот состанок „Русија повикува“, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека Иран ќе биде една од важните дестинации во однос на директен извоз на автомобили и опрема, а потоа автомобилите ќе се склопуваат во Иран.

Соколов рече дека испораката на автомобили во Иран би можела да започне следната година.