Руски Газпром постави историски рекорд во дневните испораки на гас за Кина

157

Енергетскиот гигант Газпром постави историски рекорд во дневните испораки на гас за Кина, објави руската компанија на својот канал Телеграм.

Според извештаите, рекордот е постигнат на 27 јули, кога Газпром ги надмина дневните договорни обврски по шести пат во една година и испорача повеќе гас, пренесува Комерсант.

Руската компанија испорачува гас преку гасоводот „Моќта на Сибир“ како дел од билатералниот долгорочен договор за купување гориво меѓу Газпром и кинеската компанија ЦНПЦ.