Руски иноватор претстави концепт за градски превоз на иднината

50

pozarnaФото: YouTube

Рускиот инженер и иноватор Дахир Семенов осмисли концепт за градски превоз на иднината. Тој дизајнира возила коишто потсетуваат на жироскопи, а би се движеле по специјални траси издигнати над другите возила и со тоа би се намалил метежот во сообраќајот.

Седиштата се поставени по целата површина на возилото коешто може да се спушти ако наиде на мост или надвозник, пишува Inverse.

Семенов дизајнирал и противпожарни возила коишто брзо би пристигнале до опожареното место. На нив се поставени дронови за гасење на пожар и спасување на луѓе кои живеат на високи катови од зграда.