Руски изум – хеликоптер на хибриден погон со “пилот“ од вештачка интелигенција

54

Експерти од Русија развиваат хеликоптер со мотор на хибриден погон, со којшто ќе управува систем на вештачка интелигенција.

“Се претпоставува дека овој посебен систем ќе обезбеди поголема ефикасна употреба на леталото, кога е во прашање медицинска евакуација на повредени или во операции за спасување и потраги“, вели Александар Новиков, генерал на руската авијација.

Овие иновативни хеликоптери ќе можат да останат во воздух до седум часа, а за само седум минути ќе може да преминат 50 километри.

Покрај цивилен, ќе се развива и воен хеликоптер којшто ќе може да носи оружје. Сериското производство на овие хеликоптери се очекува за 2022 година.

Фото: Pixabay