Руски милијардери сакаат да купат 51 отсто од Yandex за 6,66 милијарди евра

45

Двајца руски милијардери, Владимир Потанин и Вагит Алекперов, одделно поднесоа понуди за купување на мнозинскиот пакет акции во технолошката компанија Yandex (Јандекс).

И двајцата сакаат да купат најмалку 51 отсто од рускиот дел на Yandex, а за тој удел нудат најмалку 6,66 милијарди евра.

Засега ниту една од споменатите страни не ја коментира оваа вест.

Одборот на директори на Yandex може да разговара за овие понуди следната недела на состанок во Дубаи.

Блумберг наведува дека евентуалната трансакција ќе треба да биде одобрена од Кремљ.

„Јандекс“, познат и како „руски Гугл“, не е под санкции од Западот, но е под одредени притисоци, наведува Ројтерс.

Во 2022 година, компанијата ја продаде информативната платформа Yandex News и услугата за препорачана содржина Yandex Zen на својот главен руски конкурент Vkontakte, потсетува британската агенција.