Руски Новатек купува удел во гасниот проект Сахалин 2 од Шел

Рускиот претседател Владимир Путин одобри трансфер на 1,21 милијарди долари на компанијата Шел за нејзиниот удел во гасниот проект Сахалин-2 на Далечниот Исток, пишува рускиот весник Комерсант.

Руската гасна компанија „Новатек“ доби одобрение од Путин да ги префрли парите на „Шел“, пишува весникот, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, пренесува Ројтерс.

Новатек во понеделникот објави дека поднел барање за купување на удел во Сахалин енерџи, оператор на гасниот проект Сахалин-2.