Руски олигарх: Имав 14 милијарди, сега немам пари ни за чистачка

Милијардерот Михаил Фридман, кој беше санкциониран од Британија и ЕУ, се опиша себеси како затвореник во Лондон и рече дека практично нема пари дури ни за чистачка, објави Bloomberg Businessweek.

Откако влезе во опсегот на санкциите, Фридман поднесе оставка од одборите на директори на Alfa Bank, X5 Group и Veon (која е сопственик на руската ВимпелКом).

Во интервју за изданието, Фридман, кој живее во Лондон, признава дека има израелски пасош.

Запрашан дали може да се пресели во Израел, тој рече дека нема дом таму и нема пристап до пари за да купи. „Јас сум овде затвореник“, ја цитира весникот неговата изјава.

Bloomberg Businessweek пишува дека мерките на ЕУ и Велика Британија ги замрзнале сметките на милијардерот и „тој сега се обидува да сфати како да плати дури и за мали трошоци, како што е чистењето“.

„Можеби морам сам да си ја исчистам куќата. Тоа е нормално. Кога бев студент, живеев во мала соба во студентски дом со четворица мажи. Но, по 35 години, тоа е неочекувано“, рекол Фридман за весникот.

Откако ќе му бидат блокирани сметките, Фридман ќе мора да добие дозвола за трошење на парите од британската влада, која мора да утврди дали неговото барање е оправдано. Трошоците на Фридман би можеле да се ограничат на околу 2.500 евра месечно.

Според „Bloomberg“, пред да бидат воведени санкциите, Фридман имал богатство од околу 14 милијарди долари.