Судот за прекршоци во Москва денеска го казни Google со четири милиони рубљи (околу 45.000 евра) поради „ширење лажни информации за убиените за време на, како што ја нарекуваат во земјата, „специјална операција во Украина“, соопшти судот.
Според објаснувањето на судот, Google е казнет затоа што одбил да отстрани „лажни информации за специјалната операција во Украина, вклучувајќи лажни податоци за бројот на загинатите, како и екстремистички изјави против Русите и раководството на Руската Федерација“.
Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на март потпиша закон со кој се казнува ширењето на лажни информации за државните вооружени сили, а на крајот на истиот месец тој закон беше проширен и на државните органи на Руската Федерација.