Рускиот буџет во првите пет месеци значително помал од 2022 година: Приходите од нафта и гас паднаа за 50 отсто

Според прелиминарните проценки на Министерството за финансии на Русија, државните приходи од јануари до мај изнесуваат 9.818 милијарди рубљи или околу 111,77 милиони евра, што е за 19 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Според веб-страницата на министерството, Русија заработила 6.965 милијарди рубљи или околу 79,31 милиони евра од стоки и услуги кои не се поврзани со нафта и гас.

Приходите од нафта и гас изнесуваат 2.853 милијарди рубљи или околу 32,5 милиони евра и се за 50 отсто помалку од истиот период во 2022 година.

Но, месечната динамика на приходите од нафта и гас „постепено влегува во стабилен пат“, се додава во соопштението.

Расходите од јануари до мај биле на ниво од 13.229 милијарди рубљи или околу 150,7 милиони евра, што е за 27 отсто повеќе во однос на првите пет месеци од 2022 година.