Рускиот извоз на жито се зголеми

27

Од почетокот на годината до 4 декември Русија извезла 62,5 милиони тони жито. Ова е 1,5 пати повеќе во однос на истиот период лани, изјави денеска директорката на секторот на Министерството за земјоделство Олга Палажукова.

„Политиката на Министерството за земјоделство и мерките за државна поддршка овозможија високи приноси втора година по ред. Минатогодишниот рекорд беше 157,7 милиони тони жито, додека годинава се очекуваат над 140 милиони тони“, рече Палажукова, пренесува ТАСС.

Министерството за земјоделство на Русија, очекува извозот на жито, врз основа на резултатите од земјоделската година, да изнесува најмалку 65 милиони тони.