Рускиот одговор за нафтата

82

Русија би можела да го намали производството на нафта за 5-7% на почетокот на 2023 година како одговор на ограничувањата на цената на нејзината сурова нафта и нафтени деривати.

Тоа го изјави во петокот вицепремиерот Александар Новак за државната телевизија, пренесува Ројтерс.

Наведувајќи го за првпат одговорот на Русија на ограничувањата на цените наметнати од Западот, Новак рече дека намалувањето би можело да изнесува од 500.000 до 700.000 барели дневно.

Европската унија, земјите од Г7 и Австралија од 5 декември воведоа ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел, покрај ембаргото на ЕУ за увоз на руска сурова нафта по морски пат и сличните ветувања на САД. Канада, Јапонија и Британија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека на почетокот на следната недела ќе издаде декрет со детали за активностите на Москва како одговор на ограничувањето на цената.

Новак рече дека декретот ќе забрани продажба на нафта и нафтени деривати на земјите кои се придржуваат до ценовната граница и на компаниите кои бараат нејзино усогласување.